Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава.

Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 26 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните чсови ќе има повремени врнежи од дожд во делови од котлината. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 22 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.