Кривична против скопски градоначалник и пет вработени во општина: овозможиле фирма да стекне противправна имотна корист

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

 

Имено, по поднесеното барање за утврдување правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на местото, во кој спротивно на Законот за градењето и Законот за утрдување правен статус на бесправно изградените објекти констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта – ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако објекти од ваков вид се привремени и не може да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување правен статус на бесправен објект.

 

На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3.993 квадратни метри, односно да стекне противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.