Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов вели дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано.

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче.

Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.

Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.

„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.