„Тука е девојчето што го барате, ако дознае Палчо, ќе ме убие“ – обвинетиот им покажал на полицајците каде е закопана Вања

На денешното судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишов го однел сведокот Музафер Каришиќ до местото на кое е закопано телото на малата Вања, а кој во времето на убиството бил помошник-началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

 

„Влатко Кешишев го пронајдовме преку ‘рено кангу’ и разговаравме со него. Во чуден сплет на околностите самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами, не сакаше да одиме со другите началници, ми рече: ‘Ако дознае Палчо, ќе ме убие’. Возевме по негови насоки, се качивме 200-300 метри, и рече ‘излезете’. Тоа беше широк простор. Сакаше да каже, па рече ‘не можам, не можам’, па пак тргна накај возилото, па сакаше само со мене да разговара, па рече ‘ајде нека биде’ и со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со раката не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците. Велеше ‘јас стоев на страна’. Ги тргнавме перниците, тој рече ‘тука е девојчето што го барате’. Откопувавме додека не ѝ се видоа носот, веѓата и едната нога и престанавме. Прашавме: Кој?, а тој рече: ‘Палчо, ја зедоа и тука ја фрлија, а јас бев на страна’“, изјави помошник-началникот Каришиќ.

 

Тој додаде и дека таткото на девојчето, Александар, и негов пријател по име Гоце имале снимки и од автомобилот на Панче и притоа не кажале од каде им се снимките.

 

„Таткото повеќе се интересираше што ние имаме отколку да помогне во истрагата. Од страна на Гоце ми беа испратени многу пораки и снимки. Гоце ми испрати фотографија и снимка од возило на бензиска пупма во Велес, ние тогаш не знаевме за какво возило се работи. Тогаш не ни беше јасно бидејќи не беа поврзани случаите. Подоцна сфативме дека на фотографијата беше Панче со уште едно лице во возилото. Подоцна аналзиравме од каде му е таа снимка на Гоце, но не кажаа“, изјави Карашиќ пред судот и додаде:

 

„Тогаш имавме само информација дека е исчезнат пензионерот, немавме никаква поврзаност“, рече Каришиќ.

 

Тој рече дека оружјето со кое е извршено убиството и натаму не е пронајдено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.