Ќерката на Клинт Иствуд уапсена поради семејно насилство, ослободена со кауција

Франческа Иствуд, ќерка на познатиот актер и режисер Клинт Иствуд, е уапсена под обвинение за семејно насилство во Беверли Хилс, пишува The New York Post.

 

Портпаролот на полицискиот оддел Беверли Хилс рече: „Во сабота, 12 октомври 2024 година, околу 22:42 часот, полицискиот оддел одговори на повик за можен инцидент семејно насилство. Полицајците спроведоа истрага и врз основа на изјавите и повреди на Франческа Рут Фишер Иствуд од Лос Анџелес беше уапсена за кривично дело семејно насилство.

 

Според информациите, Франческа се скарала со своето момче додека возела низ Беверли Хилс. Кавгата наводно ескалирала и станала физичка. Откако полицијата дошла и ги земала изјавите на двете страни и ги проценувала повредите, кои според медиумите ги имал дечкото, полицијата ја уапсила Франческа.

 

Нејзиното момче одбило лекарска помош, а Франческа била пуштена од полициски притвор откако платила кауција од 50.000 долари. Полицијата не го објави идентитетот на наводната жртва во согласност со законите во Калифорнија. Франческа е во врска со актерот Александар Врејт, иако не е јасно дали тој на некој начин бил вмешан во инцидентот. Двојката го има шестгодишниот син Титан.

 

Врејт и Франческа ја официјализираа својата романса на црвениот тепих во 2018 година. Актерката во тоа време беше бремена со нивното дете.

 

Пред да излезе со Врајт, Франческа беше кратко во брак со Џордан Фелдштајн, брат на актерот Џон Хил. По него ја поврзуваа со Клифтон Колинс Јуниор, но не се знае кога раскинале.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.