Да се критикува сега, тоа е лудница, вели Таравари за ставот на Европскиот фронт дека без иселените ќе се намали бројот на советници во општините
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Ноември 2024
Министерот за здравство Арбен Таравари е зачуден што опозициската коалиција Европски фронт сега реагира на пописот и правилото населението да се подели на резидентно и нерезидентно оти токму Владата, во чиј состав беа тие, ги направи измените. Ставот на министерот Таравари доаѓа по забелешките од Европскиот фронт дека доколку не се брои нерезидентно население, ќе се намали бројот на советниците во општините.
„Треба само себе да се критикуваат. Да беше закон што го носиме сега во ред, но се работи за закон кој е донесен пред четири или пет години. Јас не знам, да се критикува сега, тоа е лудница“, рече министерот Таравари денес пред почетокот на панел – дискусијата за квалитетот на воздухот.
Пред две недели со иницијатива до Уставниот суд, пратеникот на коалицијата „Европски фронт“ и претседател на движењето „Попули“, Скендар Реџепи, побара укинување на поделбата на резидентно и нерезидентно население направена со пописот од 2021 година. Тој смета дека поделбата, чии последици се чувствуваат сега, е незаконска и неуставна оти ниту во Уставот ниту во Законот за пописот не е предвидена поделба на граѓаните на резиденти и нерезиденти.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс