Фетаи се сретна со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, двете страни разговараа и за можна соработка во иднина

Заменик претседателот на владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи денеска се сретна со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде.

 

На средбата Ивановиќ Kастареде информираше за досегашните активности на UN Women со посебен фокус како корупцијата различно влијае врз жените.

 

Заменик претседателот на владата Фетаи се заблагодари на досегашната работа на UN Women во Скопје, која помага за постигнување на заедничките цели.

 

Фетаи ги информираше гостите за идните приоритети на кабинетот, како што е борбата против корупцијата, стратешкиот план за добро владеење со инкорпорирана родова компонента, зајакнување на транспаретноста на институциите, и подобрување на соработката со цивилното општество.

 

Двете страни разговараа и за идна можна соработка во иднина. UN Women вети продолжување на поддршката за исполнување на националните заложби за еднаквост меѓу жените и мажите, како дел од соработката за усогласување со европските стандарди и EU Gender Acquis.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.