Двајца повредени во одделни сообраќајки: со возилата излетале од патот

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

Истиот ден во 21.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат  с.Волковија-Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(28) од с.Челопек, тетовско излетало надвор од коловозот.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.