(Видео) Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0 проценти ДДВ на храната и минимална плата 450 евра

Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец, истакна на прес-конференција Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

 

 

„Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни.

 

Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.

 

СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и неодговорноста на власта, која продолжува да ги става партиските интереси над интересите на граѓаните.

 

Наместо конкретни и итни мерки за справување со ценовниот шок, власта со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата“, кажа таа.

 

СДСМ, како што појасни, предложи две конкретни законски решенија, клучни мерки кои веднаш ќе донесат олеснување за граѓаните:

 

„Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.
Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.

 

Но, што прави Мицкоски и неговата влада и мнозинството во Собранието? Со политички инает и без емпатија кон народот, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат.

 

Наместо помош и поддршка, граѓаните не добиваат ништо и влегуваат во уште поголема неизвесност.

 

Не може граѓаните да бидат жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ“, додава пратеничката.

 

Бараат власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ.

 

Треба да се одговори на потребите на народот, вели Тренчевска, да се одговори на нивните потреби и да преземе одговорност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.