Маскирани разбојници упаднале на имотот додека принцот Вилијам, Кејт и децата спиеле

Двајца маскирани мажи упаднале во замокот Виндзор додека принцот Вилијам, принцезата Кејт и нивните деца спиеле во нивниот дом во блиската колиба Аделаида, пишува „Дејли мејл“. Инцидентот се случил минатиот месец кога провалници ја прескокнале оградата висока 1,8 метар и со украден камион ја пробиле безбедносната врата.

 

Од шталата на фармата „Шо“, која е во безбедносната зона на замокот, украдени се пикап-возило и quad-возило. Тие потоа избегале преку оштетената безбедносна врата, која семејството често ја користи како излез од нивната резиденција. Овој инцидент се случи откога вооружените полицајци беа отстранети од главните влезови на замокот поради недостиг на квалификувани службеници и загриженоста на туристите за присуството на вооружени чувари.

 

Иако на имотот биле поставени аларми, упадот бил откриен дури кога провалниците ја пробиле безбедносната бариера. Од полицијата потврдија дека сè уште никој не е уапсен и дека истрагата сè уште е во тек. Семејството на принцот Вилијам се преселило во колибата Аделаида на палатата Кенсингтон во 2022 година. Претходниот безбедносен инцидент на имотот беше забележан на Божиќ 2021 година кога маж со самострел ја прескокна оградата со намера да ја убие тогашната кралица Елизабета Втора за што подоцна беше осуден на девет години затвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.