20 години затвор за скопјанец кој си ги убил братот и снаата поради нарушени односи

Врз основа на поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје и по спроведена судска постапка, Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од 20 години за сторени две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

 

Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе Обвинителен акт со кој обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14.05.2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи. По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала.

 

Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.