СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Декември 2024
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, велат од опозициската партија.
„Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.
Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.
Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.
Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.
Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал“, се вели во соопштението на СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс