Србите гневни поради фотографиите на сопругата на Вучиќ на скијање: „Живеат во друга димензија“

Тамара Вучиќ, сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, на Инстаграм се пофали со фотографии од одмор на скијање на Копаоник, што ги налути Србите, кои почнаа да пишуваат на социјалните мрежи дека таа и нејзиниот сопруг „живеат во друга димензија“.

 

 „30 години подоцна, желбата да научиш дете да скија те враќа на патеките. Плус, уживавме во забавните активности“, напиша таа на Инстаграм и откри дека со неа бил и нивниот 8-годишен син Вукан.

 

Србите на Икс почнаа да ги коментираат фотографиите, а некој напиша дека позирала во скијачки одело од 1.000 евра. „Ски одело од 1.000 евра“, некој напиша, а друг додаде: „Да не ја заборавиме чантата од 160 долари“.

 

„Секој ден по 15 минути молк за убиените, хулиганите тепаат деца во Србија, Тамара Вучиќ скија на Копаоник во скијачки одело од илјада евра. Тие не живеат во паралелна реалност на Србија, тие живеат во друга димензија во споредба со нас кутрите што ја трошиме платата до 20-ти во месецот“, напиша друг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.