СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата е сега под контрола и сообраќајот се одвива нормално. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека ваквите состојби се обично присутни во периодите со зголемен број на туристи, кога и самата регулација на сообраќајот може да биде отежната.

 

„Вообичаено, во зимскиот период сообраќајот се регулира преку кружен тек околу езерото, но некои возачи не ја испочитуваа препораката и заглавиле при разминување“, изјави Реџепи.

 

Во меѓувреме, полициски службеници ги регулираат движењата од Бунец кон Леуново, пропуштајќи ги возилата наизменично. Состојбата беше објавена и на социјалните мрежи, каде што туристи и возачи изразија загриженост поради долгиот застој, кој траел и неколку часа.

 

СВР Тетово побара од ЈП Македонија Пат да испрати специјализирани возила за да го исчистат снегот и да го обезбедат подобар проток на возилата. Според најавите, се очекува до 21:30 часот ситуацијата да се подобри и сообраќајот да се одвива непречено.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.