Јаневска: Нарачаните магистерски и докторски трудови мора да запрат, МОН воведува мониторинг во високото образование
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Јануари 2025
Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре.
Ова го изјави министерката за образование, Весна Јаневска и нагласи дека Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование со тоа што веќе во неколку државни универзитети се одземени неправилно стекнати звања и дека одредени лица се отпуштени од работа.
-Таа појава мора да запре. Како министерство веќе сериозно работиме на тоа да воведеме стандарди, но и мониторинг на случувањата во високото образование. Веќе е јавна тајна во Македонија дека се случуваат вакви неправилности, вели Јаневска.
Она што го правиме секојдневно според можностите кои ни ги дава законот и според човечките капацитети кои ни се на располагање, е да сме присутни во сите високообразовни институции и научни институции.
Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања. Одредени луѓе се отпуштени од работа. Сериозно разговараме со Универзитетите, кои имаат своја автономија која максимално ја почитуваме и ќе ја почитуваме, да направат серозни промени и во студиските програми, но и во начинот на кој ги избираат кадрите кои треба понатаму да ги образуваат младите, рече министерката.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс