Пријанка Чопра изненади со фотографии во бикини

Пријанка Чопра (42), индиска актерка, пејачка и поранешна мис на светот, сподели фотографии од одмор на својот инстаграм-профил и откри дека таа, нејзиниот сопруг Ник Џонас (32) и нивната ќерка се на островите Туркс и Каикос.

 

 

Меѓу многуте семејни фотографии, фановите беа изненадени од некои во костим за капење. Пријанка ретко објавува фотографии во бикини.

 

На една од нив таа позира во розови бикини гушкајќи го 10 години помладиот сопруг, а покрај нив во морето си игра нивната тригодишна ќерка Малти Мари.

 

На почетокот на 2022 година музичарот Ник Џонас и Пријанка Чопра го добија своето прво дете. Ќерката Малти Мари ја родила сурогат-мајка, а сè чувале во тајност до самиот крај. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека добивме бебе преку сурогат-мајка“, напишаа тогаш на „Инстаграм“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.