Владата ги повика на консултаци невладините организации за Извештајот за состојбата

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година.

 

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата од 2005 година, кое се грижи за унапредување на условите во кои работи невладиниот сектор, бара тие да помогнат во оценување на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество.

 

Во повикот од невладините се бара да го пополнат прашалникот за мерење на вредностите на индикаторите од Акцискиот план на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2025 година, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење.

 

Целта на вклучување на невладините организации е Извештајот да биде реален и да даде објективен приказ на состојбите во граѓанското општество.

 

Прашалникот е јавно достапен на веб страната, кој можат да го пополнат сите регистрирани невладини организации во земјата најдоцна до 25 јануари годинава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.