Кузеска: Политиките со кошнички се покажаа како целосно промашени

Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден како последица од погрешните економски политики на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таканаречените „кошнички“ се покажаа како целосно промашување. Наместо да го олеснат животот на граѓаните, тие предизвикаа уште поголема скапотија и го срушија стандардот на граѓаните, реагира Богданка Кузеска од СДСМ.

 

Додава дека цените на основните производи наместо да се намалт, тие се зголемија.

 

„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено. Оваа сурова реалност граѓаните ја гледаат во маркетите и продавниците и ја живеат секој ден борејќи се со обезбедување на основните потреби за своите семејствата. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

 

Овие податоци, како што рече, јасно укажуваат дека политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и погрешни.

 

„СДСМ како одговорна партија предложи конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните: зголемување на минималната плата, укинување на ДДВ за основните производи за реално намалување на цените и покачување на платите во повеќе сектори. Сите овие предлози беа одбиени од страна на ВМРО-ДПМНЕ со невидена тврдоглавост и арогантност. Политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и бизнис-елитата, додека обичните граѓани плаќаат висока цена. Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада. Оваа политика ја потврдува неговата поданичка позиција кон бизнис интересите и ја зголемува економската несигурност на семејствата. На прашањето дали се работи за неспособност или за отплаќање на долгови кон бизнисот, граѓаните веќе го знаат одговорот“ додаде Кузеска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.