СДСМ: Со поскапување на парното власта уште посилно удира по џебот на народот

Според СДСМ, власта бездушно удира по џебот на граѓаните со поскапување на парното.

 

Премиерот Христијан Мицкоски, како што оценуваат, не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите.

 

„Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи. Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи. И додека владата лета во облаци и планира да купува авион, Мицкоски одбива да го прифати предлогот за поголема минимална плата за работниците. Згора на тоа сега на барање на ЕСМ се покачува цената на парното. Поскапувањето на парното е потврда за неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас“, реагираат од СДСМ.

 

Може ли до толку оваа власт да не мисли на сопствениот народ како преживува, прашуваат од опозициската партија.

 

Според СДСМ, голем број од граѓаните не можат да обезбедат основни производи, се борат секој ден со големата скапотија, мака мачат да ги прехранат семејствата и затоа се спремни и да ги бојкотираат маркетите.

 

Само Мицкоски, како што додаваат, мува не го лази.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.