Ричард Гир неодамна се пресели во Шпанија, сега таму ќе добие филмска награда
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 31 Јануари 2025
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада, што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа исто така ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за разни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселија во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот „Ел“ на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс