(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваа „оставка“ и „правда за Фросина“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Февруари 2025
Граѓаните кои вчера протестираа пред пред Кривичниот суд, поради масовноста на протестот, не продолжија кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.
Овој собир беше поголем од претходниот. Собрани беа илјадници граѓани.
„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваа сите пред судот.
Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.
22-годишната Фросина Кулакова пред пет дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.
На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс