Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Февруари 2025
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.
Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава, соопштија надлежните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс