
Наставничката во основно училиште во Скопје нападната од родителите на нејзината ученичка
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Февруари 2025

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.
МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
