Еден загинат на патот Битола-Ресен

Вчера на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.