СДСМ бара оставка од Андоновски за скандалот со тендерските мрежи во Министерството

СДСМ бара оставка од министерот Стефан Андоновски за сакданлот со тендерските мрежи во неговото Министерство.

„Државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот. Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова. И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани договорите доделени на сопругот на државната секретарка дека биле “заштеда на пари“! Ова е очаен обид за манипулација, но фактите се јасни: Државната секретарка Клинчарова, како највисок административен функционер, раководи со целата администрација во Министерството и е директно надредена на сите кои работат на тендерските постапки. Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните“, посочуваат од СДСМ.

Според нив, овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ.

„Министерот Андоновски не може да се извлече со изговори, бидејќи не станува збор за еден, туку за два договори склучени со истата компанија на сопругот на Клинчарова. Зарем мисли дека граѓаните ќе го премолчат ова? Тендерските мрежи на ДПМНЕ продолжуваат да се шират, но институциите мора итно да реагираат“, завршуваат од СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.