Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството за транспорт веќе работиме на подобрување на локалните патишта во населените места и овие средства се надвор од оние 100 милиони евра што Владата ги обезбеди за сите општините за реализација на капитални проекти, истaкна вицепремиерот Александар Николоски кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други членови на Владата денеска означија почеток на реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка.

 

Инвестицијата за реконструкција на овој локален пат е вредна 63,5 милиони денари од кои 59,2 милиони денари се обезбедени преку Mинистерството за транспорт, а 4,3 милиони денари со кофинансирање на општината.

 

„Од тука споделуваме две добри вести. Едната е дека привршуваме со реконструкција на локален пат во село Студеничани, 840 метри е вкупната должина и второ во тек е тендерска постапка во село Моране за реконструкција и целосна изградба на нов пат во должина од 1,3 км. Двата одат преку средствата што Министерството за транспорт ги обезбеди преку кредитот на Светска банка и ова е дополнително на подршката што Владата ја даде минатата година, а и оваа година исто така и ќе дава силна подршка за општините во годините што доаѓаат”, изјави вицепремиерот Александар Николоски





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.