
„Јас сум мртов човек, изгубив се“: Потресни сцени, семејствата очајно чекаат вести за најблиските повредени во пожарот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе најмалку 59 животи, додека повеќе од 150 лица се во болници со тешки повреди. Семејствата на повредените и исчезнатите се собраа пред болниците, очајно чекајќи каква било вест за нивните најблиски.
Би-Би-Си ја пренесува изјавата на Мустафа Саидов, волонтер на Црвениот крст, кој ја опишува атмосферата надвор од болницата како „брутална и хаотична“.
„Внатре, каде што се уште се идентификуваат жртвите, ситуацијата е уште полоша. Родителите се млади луѓе на околу 40 години, а нивните деца имаа само 18, 20 години.
„Приказните се ужасни, многу млади животи се изгубени засекогаш“, рече Саидов.
Еден маж, чиј внук беше тешко повреден во пожарот, рече дека некои родители се уште не можат да ги најдат своите деца.
Меѓу очајните родители е и Драги Стојанов кој во пожарот го загуби синот единец. Неговите зборови одекнуваа како крици од болка и гнев.
„Да ви кажам нешто пред сите. Снимај ме. Јас сум мртов човек, изгубив сè. Цела Европа мора да знае што се случило овде“, им рече тој на новинарите.
„По оваа трагедија каков живот остана за мене? Не ми треба. Имав едно дете, а сега го нема“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
