
Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Министерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотогрфаии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти.
„Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната солидарност и одговорност. Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за почитување на приватноста и достоинството на жртвите. Објавувањето снимки и фотографии од повредените во нивните најранливи моменти може да предизвика дополнителна болка, не само за нив, туку и за нивните семејства, и да влијае на нивниот процес на закрепнување“, напиша Таравари.
Тој упати искрен апел за одговорно известување, кое, како што рече, ќе стави акцент на поддршката и помошта за оние на кои им е најпотребна
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
