
„Не правете настан за гледаност, веќе кружат видеа од куќите на починатите“, апелираат жителите на Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2025

Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани.
„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме?
Дали и по оваа трагедија, повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ.
Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели, што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка.
Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја, ве молиме, не споделувајте ги нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град.
Молете се.
Нека ни даде Господ сила на сите“, се вели во објавата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
