Две жени од Скопје измамени за еден милион денари

Две жени од Скопје биле измамени за еден милион денари во одделни случаи, со измамата со лажни сообраќајни несреќи.

 

Во првиот, 81-годишна скопјанка, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.

 

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во вториот случај, 82-годишна жена од Скопје, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.