
Тажни сцени од соблекувалната на „Шкупи“, откажан тренингот поради смртта на Андреј
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2025

Тажни сцени вчера на првиот собир на ФК „Шкупи“ по смртта на 25-годишниот фудбалер од клубот, Андреј Лазаров.
Од „Шкупи“ велат дека се обиделе да се вратат на тренинзите, но на барање на играчите тренингот бил откажан.
„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров денес се обидовме да се вратиме на тренинзите на тимот. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Продолжението на сезоната ќе ни биде најтешко, но ќе се бориме со тоа и ќе играме во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, порачаа од „Шкупи“.
Андреј загина во страшниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
