
ССНМ го осудува неетичкото известување на некои од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2025

ССНМ го осудува неетичкото известување на некои од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани.
И покрај сите предупредувања и договорениот безбедносен протокол и насоките за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот што со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ.
Повеќето од домашните медиуми, со неколку отстапки, го почитуваа договорот и се придржуваа до насоките и информираа коректно, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги осудува постапките на некои од медиумите и смета дека со начинот на информирање (преноси во живо) ги нарушија стандардите за етичко новинарство и дополнително ја зголемија болката кај погодените, но и кај публиката.
ССНМ уште еднаш ги замолува претставниците на медиумите и во следните денови на жалост да ја остваруваат својата основна улога – да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
