
Штип се прости од петтемината свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2025

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село, Црквата „Света Троица“ на Гробиштата во Штип и Соборниот храм „Свети Никола“ се трите локации каде граѓаните се простуваа од своите млади сограѓани.
Загинатите беа погребани во гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА.
На трите места каде се оддаваше последна почит на загинатите беа присутни тимови на Црвен крст и екипи на Прва помош
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
