„Денеска испратив педесет деца кои се мои деца, најцрниот ден од постоењето на нашата држава“: Тијана се прости од загинатите во трагедијата во Кочани

Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи на својот инстаграм на денот на погребот на трагично загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

 

„Најцрниот ден од постоењето на нашата држава. Мастило кое нема да се измие ниту со децении. Барем да не научат нешто. Денеска испраќам пријатели. Денеска испратив 50 деца кои се мои деца. Моите мисли се со нивните мајки и семејства. Мирно небо и широки рајски полиња“, напиша Тијана Дапчевиќ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.