
Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 22 Март 2025

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.
УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.
Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
