Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Ораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

 

„Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината олово во водата. Дополнително, за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот во Крива Река“, рече градоначалникот.

 

Нагласи и дека како резултат на ова загадување загрозена е и почвата по текот на овие две реки, и на реката Пчиња, но и на земјоделските насади што се наводнуваат од овие подрачја. Во ризик е ставено и здравјето на луѓето што ќе ги јадат овие зејоделски и сточарски производи, предупреди градоначалникот.

 

За ова загадување Општината ќе бара и кривична одговорснот. Гo повикуваат јавниот обвинител итно да преземе мерки за сторителот на ова загадување по повеќе точки од Кривичниот законик





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.