Филков го честиташе денот на македонското правосудство: Независноста на судскиот систем е темел на правната држава

По повод 31 Март-Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка во која вели дека судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого.

,,Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите. Правда и одговорност мора да има“, вели Филков и додава:

„Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда. Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција. Честит Ден на македонското правосудство! “





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.