Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои 8 денеска се пуштаат на домашно лекување.

 

„Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на Токсикологија и 2 на Пластична хирургија, 6 пациенти во стара Градска болница, 5 во ГОБ ‘8 Септември’ и 3 во ‘Систина’. Во странство во моментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно 9 пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска“, истакна Таравари.

 

Во однос на пациентите што се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

 

„По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително да се вршат токсиколошки анализи и да се спроведува 24-часовен надзор“, порача министерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.