
Кривична пријава за екоцидот на Крива река, бара ДОМ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Март 2025

ДОМ бара надлежните да поднесат кривична пријава за загадувањето на Крива река.
„Согласно изнесените информации од страна на Градоначалникот, добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид по чл.218-б од КЗ“, велат од ДОМ.
Како што појаснуваат, согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.
Владата, апелираат од ДОМ, треба да размисли какви кадри поставува на одговорни функции, кои треба да превенираат идни хаварии
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
