
Син ги натепал татко му и мајка му во Петровец, ОЈО побара притвор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Март 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 27 март, при вршење семејно насилство, тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете по подот, па ја однел кон кујната и врз неа истурил шише вода.
Имајќи предвид дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
