
Левицата: Не поминаа предлозите за удвојување на породилното отсуство и плата до петти во месецот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Април 2025

За жал, пратениците од владејачкото мнозинство, составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, продолжуваат со нивната арогантност игнорирајќи ги потребите и барањата на граѓаните. На денешната седница на Собранието се најдоа два Предлог-закони на пратеничката група на Левица со кои беше предвидено зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци и исплаќање на платите на работниците до петти наредниот месец наместо до петнаесетти, велат од партијата.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, го образложи Предлог-законот за дуплирање на породилното отсуство потенцирајќи дека ваквото законско решение одговара и на левиот и на десниот политички кампус, односно, како што кажа, вградена е вредноста за социјалните права и семејните вредности. Тој истакна дека обединувачка е националната потреба која е од корист за целата држава.
„Во 2016 имало граѓанска иницијатива за вакви законски измени, па во 2017 пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила вакви законски измени кои тогаш не добиле поддршка од тогашното мнозинство“ – потсети пратеникот од Левица.
Мециновиќ истакна дека овој предлог во однос на мајчинството е само почеток, а треба да се адресираат и други неразумни сегменти какви што се: условот за непрекинат работен однос од 6 месеци, губењето на работното место и со тоа – ограничување на породилното отсуство и слично.
Владејачкото мнозинство не го прифати ниту предлогот за исплата на платата на работниците до 5-ти во месецот, а овој Предлог-закон го образложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
„Ако може за нас, пратениците, платата да се исплаќа до петти во месецот – тогаш треба и за сите останати кои нѐ избрале да им се исплаќа до петти“ – истакна тој.
Јанчев посочи дека сегашното правило за исплаќање на платите на работниците до 15-ти во месецот ги става во особено тешка ситуација граѓаните коишто треба да исплаќаат рати од кредитите, да плаќаат кирија и да ги платат месечните сметки
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
