Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор.

 

Од Обвинителството објавија дека се гони за Оддавање службена тајна. Вечерта на 30 март, на паркин пред хотел во Велес, се сретнал со сведок во постапка и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна.

 

Обезбедувачот му дозволил на сведокот и да ги снима документите, а и му кажувал кој документ на што се однесува.

 

Обвинителството побара притвор во траење од 30 дена, што беше прифатено од страна на судот.

 

За ова кривично дело предвидена е затворска казна од најмалку една година.

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.