
Уапсен кумановец: му биле измерени 2,34 промила алкохол во крвта при контрола на патниот сообраќај
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Април 2025

Вчера во 00.58 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
