Андоновски: Објавен првиот повик во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа” за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции.

 

Андоновски соопшти дека Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

 

Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма

 

„Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата“, рече Андоновски.

 

Сите заинтересирани страни е потребно да испрат елаборат до министерството со потребните податоци кои се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 03.05.2025 година.

 

„Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.” додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.