СДСМ: Очајни лаги на ДПМНЕ за Филипче, и ДКСК ги демантира нивните невистини

ДПМНЕ продолжува со старата матрица на лаги, дезинформации и неосновани напади врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Ништо од кажаното за набавката на вакцините не е точно, ДПМНЕ врти стари лаги во ново пакување. Јаловите напади, очајните лаги и невистини за Филипче, го одразува стравот на ДПМНЕ од неговото лидерството, исправноста на политиките и вистинските промени што се случуваат во СДСМ.
Впрочем, лагите на ДПМНЕ за Филипче ги демантираше и Антикорупциската комисија (ДКСК).
Официјално ДКСК го затвори предметот за имотот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потврдувајќи дека се е чисто и нема никакви никакви неправилности околу неговиот имот“, истакнуваат од СДСМ.

 

Во септември минатата година, како што посочуваат, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, излезе на прес-конференција од белата палата, од истата говорница, со лажна конструкција дека и најави претставка до ДКСК.

 

Според нив, со официјалната одлука токму на ДКСК, сите овие тврдења на ДПМНЕ се разоткриени како целосно неточни и злонамерни.

 

„Да имаше барем малку морал во ДПМНЕ досега ќе излезеа пред ѓраѓаните и ќе им се извинеа за изнесените лаги.

 

Неместо тоа, ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче. Тоа едноставно не поминува“.

 

Едно е факт, како што подвлекуваат, СДСМ расте, се менува и работи за иднината на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во старите шаблони на лага и манипулација.



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.