
(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Април 2025

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар која поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
Фирмата е во сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина, а за време на претресот биле најдени пластични буриња полни со марихуана, за кои фирмта не поседува никаква документација.
Од МВР инфрмираа дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, тетовско.
„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР.
По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот и вработениот се приведени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
