Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денеска сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите.

Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата.

Тој беше и прашан каков ученик бил, на што одговори: До петто одделение учев со Радмила Шекеринска, со која бевме првенци на генерацијата. Сакаа да ни ги сецираат мозоците за да видат што имаме во главите. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Татко ми ме запиша во средно економско училиште за полесно да ме вработел“, сведочеше таткото на Вања.

Обвинителството со прашањата се обидува да го дискредитира Ѓорчевски за да докаже дека учествувал во заговорот да ѝ се бараат пари на мајката на Вања за откуп.

Обвинетите Манев, Видевски и Кешишев во сведочењата претходно рекоа дека не го познавале Александар Ѓорчевски и ја отфрлија неговата поврзаност во случајот со грабнувањето и убиството на ќерка му. На претходното рочиште и Ѓорчевски рече дека не ги познава и мижи со очите кога сведочат оти повеќе не може да ги гледа и слуша како раскажуваат што му направиле на неговото дете.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.