
Мицкоски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Април 2025

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.
Премиерот и владината делегација ќе остварат средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чијашто покана и се остварува оваа посета на ОАЕ.
Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.
За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
