
Апасиев: Тошковски ја забошотува истрагата за функционерите од ДПМНЕ да не одговараат
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Април 2025

Откако вчера пратеничката група на Левица поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес се огласи и претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев.
Апасиев, во објава на социјалните мрежи, наведува дека досега, при секоја голема трегедија, актуелните министри си поднесувале оставки, кои потоа премиерите како што посочува „(Груевски и Заев) „не им ги прифаќаа!? Во Србија дури падна и Владата за трагедијата со 15 загинати во Нови Сад!“, подвлекува Апасиев.
„Но, овој бескрупулозен министер, со образ ѓон, кој е познат како “адвокат на урбаната мафија” – нема ниет да ја сфати суштината на оставката од морални причини, иако МВР и те како е криво за она што се случи во Кочани, каде што загинаа 60-на луѓе, а над 200 се повредени! Овој послушник на премиерот, има само една задача – да ја заташка истрагата со цел ниеден актуелен функционер-вмроид да не одговара! Затоа, ние му поднесовме Интерпелација и со него ќе се соочиме машки на собраниска седница“, пишува Апасиев на социјалните мрежи.
Интерпелацијата за Тошковски која вчера ја поднесе Левица, како што истакнуваат е затоа што од позиција на министер, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што според Левица довело до низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во МВР.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
