СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи. Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани, реагираат на нивната прес-конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Надлежните, посочуваат од партијата на власт, тоа го прават во рамки на законските овластувања. „Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа.

 

Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите.

 

За тоа каде е СДС се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија“.

 

Според партијата на власт, СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира.

 

Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.